Кастратовиќ нов селектор на Саудиска Арабија!

158

Зоран Кастратовиќ останува во Саудиска Арабија, земја која во последните неколки години многу вложува во зголемување на нивото на спортот.

Поранешниот селектор на Црна Гора и предводникот на македонскиот женски национален тим го презеде кормилото на репрезентацијата на Саудиска Арабија. Тој оваа сезона го предводеше Ал Мудар со кој до крајот беше лидер на табелата, а подоцна заврши на второто место.

Ракометот станува многу популарен во оваа земја, салите се полни до крај во домашното првенство, а клубовите одат со се повеќе пари за да го подигнат квалитетот на лигата и да донесат играчи од Европа.

ПретходноМеси изгледаше беспомошно и загрижено пред кинеските полицајци (ВИДЕО)
СледноИзненадувачки потег на Новак Ѓоковиќ пред финалето!