Ете, и Сити конечно дојде до „ушлето“, пехарот е во рацете на капитенот Гундоган и другарите, заслужено. Второ финале и првиот трофеј за “граѓаните“. Сега и синиот дел на Манчестер може да се пофали дека има европски првак, а не само црвениот, оној на Јунајтед.
Пеп Гвардиола со овој негов трет пехар, прв со Сити, конечно може да здивне. Чекаше долги 12 години и ете вечерва во Истанбул може да им каже на пребогатите газди…Повелете, ова е за вас, ова е пехарот во ЛШ…
Инаку тој е првиот тренер во историјата со две “триплети“. По онаа со Барселона од 2009 година, сега со Сити.
Секоја чест за феноменалниот, перфектниот Пеп…