Машина: За една недела собори два светски рекорди

337

Кенијката Фејт Кипјегон го собори светскиот рекорд на 5000 метри на митингот во Дијамантската лига во Париз и тоа само една недела откако го урна и рекордот на 1500 метри. Ново светско време постави и олимпискиот вицешампион Етиопјанецот Ламеча Гирма во трката на 3000 метри со препреки.
Кипијегон постави време од 14:05.20 минути и го урна претходниот рекорд на Етиопјанката Летесенбет Гидеј која на 5000 метри заврши втора.
Гирма го поправи светскиот рекорд на 3000 метри со препреки со тоа што ја истрча делницата во Париз за 7:52.12 минути. Го подобри времето на Катарецот Саифа Шахен (7:53.63) кој светскиот рекорд го држеше од 2004 година.

ПретходноДенвер поведе со 3:1 против Мајами и е на чекор до титулата!
Следно“Златната топка“ ќе се доделува на 30 октомври, ќе има промени во начинот на гласањето!