Ѕвездата на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси се најде во проблем по пристигнувањето во главниот град на Кина, Пекинг. Пасошот на фудбалскиот волшебник беше пречка за да ги помине контролите на аеродромот, па мораше да помине низ дополнителни процедури.
Кинезите не ги интересираше тоа што пред нив беше еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Проблемот мораше да се реши и конечно тоа беше направено.
هناك مشكله في جواز سفر ليو ولم يتم حلها إلى الآن pic.twitter.com/6XcT6SqiDY
— Messi Xtra (@M30Xtra) June 10, 2023
По повеќе од половина час чекање, Меси го напушти аеродромот со остатокот од тимот кој пристигна. Беше видно изнервиран и уморен, но на крајот и среќен што се беше решено на вистински начин.
За разлика од полицијата, публиката во Пекинг на извонреден начин го пречека Меси. Стотици фанови се појавија и го скандираа неговото име и тоа е уште еден доказ колку е популарен аргентинскиот волшебник.
الأسطورة ميسي يغادر إلى الفندق الان pic.twitter.com/CNAucjKZyz
— Messi Xtra (@M30Xtra) June 10, 2023