Интер по 13 години ќе го брка трофејот во Лигата на шампионите. „Нероаѕурите“ не се фаворити во дуелот со Манчестер Сити но мотивирани и со срце ќе се обидат да дојдат до пехарот. Има уште една работа која ги мотивира „нероаѕурите“, а тоа е дека од 2017 година тренерот Симоне Инзаги нема загубено финален меч.
Седум финалиња по ред – седум победи!
Последен пат загубил во сезоната 2016/17 кога во финалето на Купот доживеа пораз од Јувентус. Од тогаш реди само победи.
Со Лацио го освои Суперкупот во 2017 (победа над Јувентус), две години подоцна го освои Купот на Италија (победа над Аталанта), потоа уште еден Суперкуп (уште една победа над Јувентус).
Минатата сезона Инзаги со Интер го освои Купот на Италија по триумфот над Јувентус по продолженијата исто и Суперкупот (триумф над Јувентус).
А оваа сезона има две победи во финалните мечеви, прво во Суперкупот на Италија против Милан, а потоа и во финалето на Купот на Италија против Фиорентина.
Simone Inzaghi telah memenangkan 7️⃣ Final terakhirnya sebagai manajer.
• Lazio 3-2 Juventus (Supercoppa 2017) ✅
• Lazio 2-0 Atalanta (Coppa Italia 2018/19) ✅
• Lazio 3-1 Juventus (Supercoppa 2019) ✅
• Inter Milan 2-1 Juventus (Coppa Italia 2021/22) ✅
• Inter Milan 4-2… pic.twitter.com/jtWWxw6t2u— FaktaBola (@FaktaSepakbola) May 30, 2023