Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во натпреварите од Европската Сребрена лига. На првото гостување против првиот фаворит во групата Естонија, избраничките на Стефан Пауновиќ беа близу до освојување на првиот европски сет, но во првите два сета кога рамноправно се бореа со домашната селекција, попуштија во завршните моменти во сетот и не успеаја да се израдуваат. Естонија славеше со убедливи 3:0 (25-22, 25-20, 25-16) и остана убедливо на врвот на табелата во групата.
Особено добро издание покажавме во првиот сет. Естонките во финишот влегоа со предност од 4 – 5 поени, но со извонредна отивација и пожртвуваност, нашите репрезентативки се изборија за вистинска драма во завршницата на сетот. Од 21:15 за Стонките, успеавме да се вратиме до 23:21 и 24:22, но не успеавме да направиме тотален пресврт за изненадување.
Слично се одвиваше и вториот сет, со тоа што до средината на истиот Македонија имаше минимална предност (12:13, 13:14). Во рамоправна игра, Естонија го презеде минималнто водство и успеа да дојде до 21:19, па со серија од 3:0 се избори за 24:19 и прва сет топка во вториот сет. Ние само направивме промена на сервис за конечни 25:20.
Во третиот сет паднавме во играта и тоа се почувствува и низ резултатот. Естонија дојде до убедливи 25:16 за конечни 3:0. Баталаковска со 12 и Лазарова со 7 поени беа најдобри реализатори во нашата репрезентација. Симоновска заврши со 6 поени, техничарката Јонузи имаше 5 освоени поени, исто колку и Ковачевиќ.
Нова шанса за прв европски сет, нашите одбојкарки ќе имаат в среда на гости против Летонија.
ЕВРОПСКА СРЕБРЕНА ЛИГА 2023 (Ж)
4 КОЛО
Естонија – Македонија 3:0 (25-22, 25-20, 25-16)
Летонија – Австрија