Официјално: Захов уште две години во Шкендија, понудата на Скендербеу е одбиена!

1338

Нешто што е добро нема потреба да се менува. Веројатно така размислуваше и Костадин Захов, еден од нашите најдобри голмани во ПМФЛ во последната деценија. Имено искусниот голман се договори со Шкендија за продолжување на соработката на уште две години, па така тој ќе остане во тетовскиот клуб најмалку до јуни 2025 година. Инаку договорот е потпишан, се очекува само официјална потврда од страна на тетовци.

Инаку по седум години престој во Шкендија, малку недостигаше Захов, откако му истече договорот со тетовци, да се пресели во Скендербеу, но голманот ја одби таа понуда и остана во Тетово.

ПретходноПочна одбројувањето: Македонија се комплетира пред дуелите со Украина и Англија, недостигаат само Адеми, Алиоски и Илиев! (ФОТО)
СледноЈокиќ доби порака од Ролан Гарос!