Интер во финалето на ЛШ (вечерва, 21:00 часот) ќе се обиде да стигне до третиот европски трофеј или прв по пауза од 13 години. На спротивната страна го имаат моќниот Манчестер Сити кој сезонава урива се пред себе.
Првиот човек на Интер, Стивен Жанг изјави дека верува во победа на својот тим во финалето. Тој е свесен дека Сити е помоќен, меѓутоа и дека парите не секогаш победуваат.
„Сонувам за титулата во ЛШ. Свесен сум за разликата меѓу лигити, знам дека ќе ни биде многу тешко да ја оствариме целта. Фудбалот е интересен затоа што не секогаш победуваат парите.
Ако покажеме идеи, страст и компетентност можеме да го победиме противникот.
Го респектирам Сити, тоа е одлчен тим. Но ние веруваме во нашите квалитети и спремни сме да се натпреваруваме“, изјави Жанг.