Се радуваше на титула во Истанбул во 2005 година, сега во истиот град ја чека и втората

559

Големи ѕвезди ниту еднаш не го кренале пехарот со големите уши наменет за најдобриот тим во Европа, но има такви кои биле дел од тимовите кои го освојувале трофејот иако не биле главни играчи.
Вечерва Манчестер Сити и Интер ќе атакуваат на европската титула, а еден играч може по втор пат да го подигне трофејот иако не играше на првото финале, а нема да игра ни на второто. Всушност два пати да биде запишан како европски шампион, а да нема одиграно ни минута.

Се работи за англискиот голман Скот Карсон. Сега има 37 години и е вклучен во тимот на Гвардиола како трет чувар на мрежата. Ако триумфираат „граѓаните“ во биографија на англискиот голман ќе стои дека двапати бил европски шампион.

Првиот пат тоа се случи со Ливерпул во легендарното финале во 2005 година. Тогаш 19-годишниот Скоти од клупата ги гледаше чудесните паради на Јержи Дудек, полскиот голман кој беше еден од творците на европската титула на Ливерпул.
Интересно, Карсон повторно ќе чека на титула и повторно во Истанбул. Но сега со Манчестер Сити. Гвардиола го зема во својот тим затоа што „зад сцената“ е лидер, мотиватор.

Карсон во кариерата играше за Ливерпул, но афирмацијата ја доживеа во ВБА за кој одигра преку 110 натпревари. Играше и за Бурса, за Виган, шест години во Дерби Каунти од каде што во 2021 година дојде во Сити.
Има и четири настапи за Англија.

ПретходноПретседателот на Интер: Веруваме во титулата, не секогаш победуваат парите
Следно3Х3 – КВАЛИФИКАЦИИ ЕВРО КУП: Македонија поразена на стартот!