Уште едно финале за Начевски и Николов!

595

Македонската судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат финалето на Азиското клупско првенство кое се игра денеска.

Двајцата македонски судии кои беа единствените странски арбитри на овој настан кој се одржува во Иран ќе ја делат правдата меѓу Ал Наџма од Бахреин и Ал Духаил од Катар, дуел кој почнува во 15 часот. Победникот на оваа средба ќе обезбеди билет за Супер Глоуб турнурот.

Ова финале е нова потврда и признание за професионалноста на двоецот Николов и Начевски.

ПретходноПопуларната „Жути Арена“ модернизирана во боите на МЗТ Скопје (ВИДЕО)
СледноЛШ – финале: Пеп 12 години го сонува “ушлето“…, Сити мора, а Интер може!