Шампионот си закажа пријателски со Балкани, Партизани и Тирана…

310

Фудбалерите на Струга ТЛ и стручниот штаб на чело со Шпетим Дуро веќе неколку дена е во “погон“. Подготовките за настапот во квалификациите за Лигата на Шампионите и секако за наредната сезона во ПМФЛ, веќе се одработуваат во клупската база во околината на Струга.

Во пресрет на европските мечеви ова лето, секако дека е неопходно да се воигра тимот, а тоа најдобро се прави со одигрување на пријателски или контролни натпревари.

А шампионот и тоа како ќе ги има, и тоа против силни ривали, најдобрите екипи од Косово и Албанија.

На 23 јуни во Охрид ривал ќе биде првакот на Косово, тимот на Балкани. На 30 јуни спаринг партнер ќе биде шампионот на Албанија, составот на Партизани а на 5 јули, меч кој ќе биде и генералка пред евро настапите, во Поградец, тимот на Струга ТЛ ќе ги одмери силите со Тирана.

ПретходноШвјонтек доминира на земја: Полјачката по третпат го освои Ролан Гарос
СледноПочна одбројувањето: Македонија се комплетира пред дуелите со Украина и Англија, недостигаат само Адеми, Алиоски и Илиев! (ФОТО)