Швјонтек доминира на земја: Полјачката по третпат го освои Ролан Гарос

87

Најдобрата светска тенисерка, Полјачката Ига Швјонтек со една одлична партија стигна до победа во финалето на вториот Грен Слем оваа сезона, Ролан Гарос. По голема борба, Швјонтек славеше со 6:2, 5:7, 6:4 во дуелот со Мучова од Чешка.

Полската тенисерка потврди дека е речиси незапирлива на земјена подлога, а најдобрата тенисерка на светот практично издоминира до финалето во Париз. Таа одигра вкупно шест меча, а ниту една ривалка не успеа да и земе ниту сет, се до денешниот дуел.

За Свијатек ова е трета титула на Ролан Гарос. Претходните две ги освои во 2020 и 2022 година, а има една титула и на УС Опен.

ПретходноМотивација или притисок? Сити во Истанбул ќе го гледа и еден специјален гостин!
СледноШампионот си закажа пријателски со Балкани, Партизани и Тирана…