Македонскиот фудбалски дијамант Елиф Елмас беше во посета на ФК Гостивар. Клубот избори промоција во Првата македонска фудбалска лига, вчера го промовираше ростерот како и новите играчи, а во посета им беше и репрезентативецот на Македонија и фудбалер на Наполи.
Елмас им донесе дрес на Наполи, новиот шампион на Италија, а од Гостивар му подарија дрес со неговото име.