“Златната топка“ ќе се доделува на 30 октомври, ќе има промени во начинот на гласањето!

419

Како што информираат од “Франс фудбал“, церемонијата на доделувањето на престижната награда “Златна топка“ ќе се одржи на 30 октомври во Париз.

Во текот на вечерта во гала манифестација, и официјално ќе се дознае кој ќе биде наследникот на Карим Бензема кој за минатата година бепе прогласен за најдобар фудбалер во светот.

Инаку, како што се најавува, ќе има и промени во начинот на гласањето.

Како прво имињата на 30-те кандидати ќе бидат објавени на еден месец порано, на 30 септември.

Сега критериумот број еден ќе бидат индивидуалните настапи на играчот, потоа и одлучниот и импресивен карактер на кандидатот, пред освоните трофеио во овој колективен спорт.

Жирито е намалено на 100 гласачи – новинари кои доаѓаат од првите 100 земји според ранкингот на ФИФА.

Инаку оваа награда на “Франс фудбал“ се доделува од 1956 година.

ПретходноМашина: За една недела собори два светски рекорди
СледноЛиверпул цели на двајца млади Французи