И Алегри во С.Арабија? Му понудиле четири пати поголема плата

192

Јувентус не сака да го пушти Масимилијано Алегри, меѓутоа Италијанецот може да одлучи сам да си оди. „Газета дело спорт“ пишува дека Алегри добил фантастична понуда од Саудиска Арабија со четири пати повисока плата од онаа во Јувентус.
Наводно тоа му го понудиле Ал Наср, тимот на Кристијано Роналдо, но и Ал Хилал кој не успеа да го убеди Лео Меси да дојде кај нив.
Алегри е пред одлука, дали ќе продолжи со Јувентус во Серија А и во ЛК идната сезона или ќе одлучи за поинаква авантура, во Саудиска Арабија за повеќе пари.
Алегри минатата сезона често пати беше на удар на навивачите и јавноста. Пред се поради непостојаноста на тимот, а и дел од играчите не се сложуваат со неговите тактички замисли.
Од Јувентус не го отпуштија затоа што треба да му исплатат многу пари, а ако тој сам си отиде тогаш тоа е поинаква приказна.

Претходно„Нероаѕурите“ ја одбија првата понуда од Челзи за Онана
СледноПретседателот на Интер: Веруваме во титулата, не секогаш победуваат парите