Антониo Каланоски (29) за првпат во својата кариера ќе игра надвор од Македонија. Имено како што дознаваме, искусниот напаѓач е пред трансфер во Грузија, и тоа во тимот на Самтредиа каде што шеф на стручниот штаб е нашиот Димитар Капинковски.
Преговорите се во одмината фаза, па остануваат само уште некои детали да разрешат за да Каланоски и дефинитивно стави параф на договорот со овој грузиски клуб.
Колку за потсетување, Каланоски во изминатата сезона беше фантастичен во дресот на Гостивар, а претходно играше и за Шкупи, Силекс, Беласица, Победа, Струга ТЛ…и уште неколку наши клубови.