Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во финалето на Фјучрсот во Скопје. Тој денеска во второто полуфинале во меч во три сета славеше над Турчинот Киркин, инаку петти носител на турнирот со 3:6, 6:2, 6:2 и обезбеди место во утрешното финале.
Ивановски одигра одлични два сета, иако му дозволи на турскиот тенисер да дојде до стартно водство освојувајќи го првиот сет. Во утрешното финале нашиот најдобар тенисер во битка за трофејот ќе се сретне со третиот носител на турнирот, Французинот Гејмард-Вајенбург, кој во првото полуфинале во два сета со 7:6, 6:1 го победи Вито Тонејц од Хрватска.