Ливерпул цели на двајца млади Французи

289

По ангажманот на Алексис Мекалистер од Брајтон за 35 милиони фунти со уште 20 милиони во форма на бонуси, Ливерпул сега цели на уште двајца фудбалери. На тие трансфери ќе работи новиот спортски директор Јоаким Шмадке, а во прашање се Кефрен Турам и Ману Коне. Кефрен е син на славниот Лилијан Турам, игра за Ница и е еден од најперспективните играчи за врска во Европа.

А Ману Коне има исто години како и Кефрен (22) и е играч од средниот ред, а моментално настапува за Борусија Менхенгладбах, клубот во кој спортски директор е синот на Шмадке.

 

Претходно“Златната топка“ ќе се доделува на 30 октомври, ќе има промени во начинот на гласањето!
СледноЕлмас во посета на ФК Гостивар