Интер добил понуда од Челзи за голманот Андре Онана, меѓутоа ја одбил. Неофицијално се работело за сума од 40 милиони евра кои „нероаѕурите“ не ги прифатиле.
Целиот фокус на клубот е насочен кон финалето на ЛШ, а после истото ќе се преговара за можноста првиот чувар на мрежата на миланскиот тим да отиде на „Стемфорд Бриџ“. Доколку трансферот биде реализиран тогаш Интер ќе тргне по голманот Ѓиљермо Викарио од Емполи.