Полувреме: Голема битка во Истанбул, но нема голови, Сити остана без Де Брујне!

97

Манчестер Сити – Интер 0:0 е исходот од првото полувреме на големото финале во ЛШ во Истанбул. Очекувано голема борба на “Ататурк“ со по неколку закани, но сепак мрежите на Едерсон и Онана мируваа.

Сити е силно хендикепиран, поради повреда во 36 минута мораше теренот да го напушти Кевин де Брујне.

Инаку Сити се закани преку Бернардо Силва во 5.минута, потоа преку Халанд во 27., Де Брујне две минути подоцна.

Интер преку Барела можеше да го искористи киксот на Сити кога голот беше празен, а Брозовиќ во 25.минута шутираше далеку над голот.

Се чини дека Интер го изненади Сити со својата поставеност, тимот на Пеп не е на она рамниште кое сите го очекуваа. Image

ПретходноВисар Муслиу: Фокусот прво е ставен на Украина, одиме на победа!
СледноПромоција: Шампионот се пофали со Ментор Мазрекај! (ФОТО+ВИДЕО)