Реал Мадрид е господарот со 14 трофеи, следуваат Милан, Баерн, Ливерпул…,Сити по првиот триумф а Интер по четвртиот!

333

 

Се почна во таа далечна сезона 1955/56 за да ете вечерва во Истанбул го славиме новото финале во Лигата на Шампионите, или по старо Купот на Шампионите. Најголемиот, најзначајниот меч или финале во светскиот фудбал на клупски план.

Кога сме кај историјата нема тука што многу да се полемизира. Реал Мадрид е господарот на Европа со 14 трофеи или победи во финалето. “Кралевите“ до вечерва, некаде после 23 часот и официјално ќе се нарекуваат европски прваци, а потоа круната ќе ја понесат Сити или Интер.

Манчестер Сити се надева и очекува да дојде до својата прва титула, додека Интер ја посакува “четворката“.

А еве го списокот на сите клубови, вкупно 22, кои од таа 1955/56 сезона па наваму, биле најдобри во Европа и колку пати го освојувале „ушлето“:

Реал Мадрид – 14

Милан – 7

Баерн Минхен, Ливерпул – 6

Барселона – 5

Ајакс – 4

Манчестер Јунајтед, Интер – 3

Јувентус, Бенфика,Челзи, Нотингем Форест, Порто – 2

Селтик, Хамбургер, Стеауа, Марсеј, Дортмунд, Феенорд, Астон Вила, ПСВ Ајндховен, Ц. Зведа – 1

ПретходноКалин ќе игра во финалето на Фјучрсот во Скопје
СледноМотивација или притисок? Сити во Истанбул ќе го гледа и еден специјален гостин!