Стефан Ашковски: Кога играш за Македонија заморот е во втор план!

286

Од денеска и официјално стартуваа подготовките за претстојните дуели во квалификациите за ЕВРО 2024, протув Украина и Англија. Секако дека владее оптимизам во нашите редови, верба во себе и дека ќе се даде максиумот.

Стефан Ашковски за тоа што може да се очекува има свој коментар:

Играме против две добри, две квалитетни селекции, тоа е шанси да видиме какви се нашите можности. Јасно е дека има замор со оглед на тоа дека само што заврши сезоната, но кога играш за Македонија тој замор е во втор план. Победивме на стартот, очекувам да продолжиме со добри резултати и на претстојните два меча“ изјави Ашковски.

ПретходноДуел на тимови од Англија и Италија, нашите репрезентативци во „Хилтон“ со посебно внимание ќе го гледаат финалето!
СледноВисар Муслиу: Фокусот прво е ставен на Украина, одиме на победа!