Најдобрата светска тенисерка, Полјачката Ига Швјонтек со една одлична партија стигна до победа во финалето на вториот Грен Слем оваа сезона, Ролан Гарос. По голема борба, Швјонтек славеше со 6:2, 5:7, 6:4 во дуелот со Мучова од Чешка.
Полската тенисерка потврди дека е речиси незапирлива на земјена подлога, а најдобрата тенисерка на светот практично издоминира до финалето во Париз. Таа одигра вкупно шест меча, а ниту една ривалка не успеа да и земе ниту сет, се до денешниот дуел.
За Свијатек ова е трета титула на Ролан Гарос. Претходните две ги освои во 2020 и 2022 година, а има една титула и на УС Опен.