Кил стана шампион на Германија, Вецлар на Миркуловски и следната сезона во елитата

237

Тимот на Кил е нов шампион на Германија откако го освои првото место во Бундес лигата, со два бода повеќе од второпласираниот и минатогодишен шампион Магдебург. Во последното коло „Зебрите“ го победија Гепинген со 34:27 и го потврдија првото место.
Фуксе Берлин заврши на третата позиција, а Фленсбург на четвртата. Рајн Некар е петтопласиран. Вецлар каде што тренер е Филип Миркуловски и идната сезона ќе игра во елитната германска лига. Член на Вецлар е и Кузмановски кој се повреди и го пропушти финишот на сезоната во Бундес лигата.

Вецлар го освои 16. место со 17 бодови, пет повеќе од Минден кој заедно со Вестфален испаднаа во понизок ранг.

ПретходноЃоковиќ го освои Ролан Гарос и стана најдобар тенисер на сите времиња!
СледноЃоковиќ по рекордот испрати порака: Деца, верувајте во себе, работете на исполнување на сонот