И конечно Пеп Гвардиола ја освои ЛШ со Манчестер Сити. По толку потрошени милиони или милијарди, Каталонецот го однесе Сити на врвот на Европа, и стави печат на блескавата сезона со освоената „триплета“.
Секако задоволен и пресреќен, тој на пресот по завршувањето на синоќешното финале, покрај другото му се закани на Реал Мадрид:
“Во Реал Мадрид нека не бидат премногу самоуверени. Разделени сме 13 титули, но ние доаѓаме по нив“ изјави амбициозниот Пеп.
Гвардиола кажа дека во Сити тој посебно е третиран:
“Да се победува со Барселона е нешто посебно, но во Манчестер Сити ме третираат како син. Работата е завршена, освоивме се што можеше да се освои“.