Поранешниот селектор на Македонија нов тренер на Подравка

524

Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Хрватот Ивица Обрван е нов тренер на најдобриот женски ракометен клуб во Хрватска,  Подравка Вегета. Тој потпишал договор на две години.

Обрван последен пат работеше на кормилото на машкиот хрватски првак, ППД Загреб. Во Копривница го очекува првиот ангажман во женскиот ракомет.

„Пред се, јас сум тренер и професионалец, а мојата работа е ракометот. Низ разговорите видовме дека на некој начин нашите интереси се преклопуваат и можам само да кажам дека преговорите ги завршивме со јасна визија за иднината“, изјавил Обрван.

ПретходноКаљари се враќа во Серија А, Специја се сели во Серија Б
СледноАпсолутен владател: Новак Ѓоковиќ се врати на врвот на АТП-листата