Англиските медиуми пишуваат дека Тотенхем планира смел напад со сума од 50 милиони фунти за крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо.
„Дејли Стар“ тврди дека Спарс се заинтересирани да ја доведат англиската ѕвезда во северен Лондон во нивните обиди да се обнови тимот под водство на новиот менаџер Анже Постекоглу.
И Борусија Дортмунд сака да го врати Санчо на „Сигнал Идуна Парк“, но тоа може да си го дозволи само со позајмица, а таквата понуда не му одговара на Јунајтед, кој сака да собере што е можно повеќе готовина пред летната реконструкција на тимот.