УЕФА го прогласи Родри за играч на сезоната во ЛШ, Квича е најдобар млад фудбалер

167

Специјалната комисија на УЕФА го прогласи играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри за играч на сезоната во Лигата на шампионите на УЕФА за 2022/23 година.

26-годишниот фудбалер се појави на сите натпревари за својот тим, освен на еден, а го постигнаи одлучувачкиот гол на синоќешното финале со кој Манчестер Сити дојде до трофејот – европски шампион.

„Ова ми беше сон. Овој момент никогаш повеќе нема да се повтори“, рече тој по прогласувањето на стадионот во Истанбул.

УЕФА денеска го прогласи Квича Кварацхелија од Наполи за најдобар млад играч на сезоната 2022/23 во Лигата на шампионите на УЕФА.

ПретходноХристијан Поп Антоски и Ристе Лембовски потпишаа договори со „Лавовите“
СледноСкандал во Италија: Теодосиќ се тепаше со навивачи по вториот финален меч (ВИДЕО)