Газди на НФЛ тим го купија Лидс Јунајтед

306

Сопствениците на НФЛ клубот Сан Франциско постигнаа договор за купување на целиот удел во англискиот фудбалски клуб Лидс Јунајтед, соопштија од клубот.

Оваа групација, која го предводи тимот во американскиот фудбал, досега имаше 44% учество во Лидс, кој на крајот од сезоната испадна во Чемпионшип.

„Двете страни продолжуваат да работат на деталите. Клубот останува целосно фокусиран на брзо враќање во Премиер лигата“, се вели во соопштението.

Според медиумите, на вредноста на договорот влијаело клупското испаѓање во Втората лига, па наместо 460 милиони евра, италијанскиот бизнисмен на чело на Лидс Ј., Андреа Радричани, за продажба а клубот добил само 200 милиони евра.

ПретходноХаланд: Неверојатно, емотивно, го остварив својот сон!
СледноГвардиола: Ги повикувам УЕФА и ФИФА да размислат што прават со играчите!