Гвардиола: Ги повикувам УЕФА и ФИФА да размислат што прават со играчите!

3933

Манчестер Сити за прв пат во историјата е европски првак. Тој во финалето на овосезонското издание на Лигата на шампионите го победи Интер со 1:0, единствениот гол го постигна Родри во 68. минута.

Сити на тој начин заврши успешна сезона во која ги освои и Премиер-лигата и ФА Купот, а Пеп Гвардиола по трет пат во својата тренерска кариера ја освои Лигата на шампионите, израмнувајќи се на второто место на вечната листа со Зинедин Зидан и Боб Пејсли. На врвот е Карло Анчелоти со четири титули.

Гвардиола е во Сити од 2106 година и сега конечно успеа да го освои единствениот трофеј кој го прогонува откако дојде во Англија. По натпреварот истакна дека е уморен, но задоволен.

„Навистина сум уморен, но и задоволна. Овој трофеј е толку тешко да се освои. Интер одигра одлично. Им кажав на моите играчи на полувремето да бидат трпеливи и дека ќе дојде прилика. За да ја освоите Лигата на шампионите, треба да имате и среќа. Едерсон бранеше, промашија, можеа да израмнат. Овој натпревар е како фрлање паричка. Сепак, ние го освоивме. Ова беше запишано во ѕвездите“, изјави Гвардиола по натпреварот и додаде:

„Не бевме на нашето најдобро ниво. По Светското првенство влеговме во форма, но не одигравме најдобро на овој натпревар. Немам сила и енергија да размислувам за следната сезона, тоа е невозможно. Ни треба одмор. Сезоната беше предолга. Фудбалерите сега ги чекаат репрезентативните натпревари, откако цела сезона треба да одиграат нови натпревари. Ги повикувам УЕФА и ФИФА да размислат за тоа. Ова е премногу. Титулата ќе ја прославиме во хотел со семејства и пријатели. Во понеделник има парада во Манчестер“.

ПретходноГазди на НФЛ тим го купија Лидс Јунајтед
СледноИнзаги: Заслуживме повеќе, но капа доле за Сити!