Невиден скандал направи еден од најголемите ММА борци на сите времиња, односно сенката на големиот шампион каков што некогаш беше Конор Мек Грегор.
Денвер и Никола Јокиќ го совладаа Мајами на гостински терен и се најдоа на победа до трофејот. Но, четвртиот натпревар во серијата нема да биде запаметен само по тоа, туку и по однесувањето на Конор Мек Грегор.
За време на паузата тој беше централна фигура на паркетот на салата каде играа Мајами и Денвер. Тој ја нокаутираше маскотата на домашниот тим. Изгледа сосема лудо кога ќе го прочитате, но навистина се случи – некогаш големиот шампион на организацијата УФЦ претепа човек кој во костим ја забавува публиката во салата.
Најпрво еден многу разорен удар во главата, а потоа уште еден откако човекот во костимот падна на подот беа доволни за Мек Грегор да му нанесе повреди на човекот што го испрати во болница. Како што пренесуваат највлијателните американски медиуми, маскотата на Мајами била хоспитализирана, а откако лекарите му препишале лекови против болки, тој е пуштен на домашно лекување.
Conor McGregor KO’d the Heat mascot 😅 #NBAFinals pic.twitter.com/IRAKzuMKp2
— SportsCenter (@SportsCenter) June 10, 2023