И Адеми се приклучи на тренинзите: По 20 часа пат пристигна во Скопје

1405

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за престојните квалификациски натпревари за ЕП 2024 година. „Рисовите“ во јуни ќе одиграат два меча, прво со Украина во Скопје (16 јуни) и потоа со Англија во Манчестер (19 јуни).
На националниот тим почнаа да им се приклучуваат играчите кои настапуваат во странство. И Аријан Адеми е тука, по 20 часа пат од Кина до Скопје. Адеми направи трансфер во Пекинг Гуан во зимскиот преоден рок, па му требаше време за да пристигне во главниот град.
Адеми е важна алка во нашиот тим и ќе биде од голема помош за овие два натпревари против силни противници.

 

ПретходноНоле им се заблагодари на Ибра, Жиру, Мбапе за поддршката
СледноАнглија без Белингем и Данк за мечот со Македонија на „Олд Трафорд“