Каљари се враќа во Серија А откако во бараж-двомечот со Бари излезе како победник со вкупен резултат 2:1. По ремито 1:1 во првиот меч на домашен терен, тимот на Клаудио Раниери успеа да слави на реваншот против Бари со 1:0 и да се врати во италијанската елита следната сезона.
Одлуката падна во 94. минута на реваншот во Бари, кога фудбалерот на Каљари, паволети погоди за водство и победа. Момците на Раниери се вратија во Серија А една година откако испаднаа од елитата минатата сезона.
Серија А, пак, ја напишта екипата на Специја, која во баражот за опстанок одигран вечерва на стадионот на Сасуоло, загуби со 3:1 од екипата на Верона. Гостите со головите на Фараоне и Нгонге (2) дојдоа до посакуваната победа за опстанок во елитата, додека Специја се сели во Серија Б. Специја имаше шанса да се врати во мечот од пенал при резултат 1:3, но Нзола промаши. Претходно фараони доби црвен картон за Верона, затоа што со раката спречи една топка да заврши во мрежата на неговиот тим.