Тимот на Кил е нов шампион на Германија откако го освои првото место во Бундес лигата, со два бода повеќе од второпласираниот и минатогодишен шампион Магдебург. Во последното коло „Зебрите“ го победија Гепинген со 34:27 и го потврдија првото место.
Фуксе Берлин заврши на третата позиција, а Фленсбург на четвртата. Рајн Некар е петтопласиран. Вецлар каде што тренер е Филип Миркуловски и идната сезона ќе игра во елитната германска лига. Член на Вецлар е и Кузмановски кој се повреди и го пропушти финишот на сезоната во Бундес лигата.
Вецлар го освои 16. место со 17 бодови, пет повеќе од Минден кој заедно со Вестфален испаднаа во понизок ранг.