По освојувањето на рекордната 23. Гренд слем титула Ѓоковиќ не заборави да ги поздрави сите свои пријатели кои дојдоа да го поддржат во финалето против Каспер Руд.
„Жиру, Ибра, Мбапе, Том (Брејди)… Ви благодарам на поддршката, се надевам дека уживавте. Мило ми е што ги имаме овие неверојатни спортисти овде“, изјави Ибрахимовиќ.
Потоа на српски му се обрати на Ибрахимовиќ: „Ибра, ти и јас се знаеме, ти си мој другар“.
Легендарниот фудбалер со рацете му направи срце.