ОФИЦИЈАЛНО: Дарко Додев е нов фудбалер на Влазнија

1345

Уште еден македонски фудбалер во шампионатот на Албанија. Сега и официјално, Дарко Додев, довчерашниот фудбалер на Брегалница и екс-македонски младински репрезентативец го облече дресот на Влазнија од Скадар.
За Додев имаше интерес од Шкендија и Шкупи, но тој одлучи да игра во Влазнија која заврши како четвртопласирана во албанскиот шампионат сезонава. Додев со Влазнија ќе игра во Европа.
Додев пред Брегалница играше за Силекс, Тиквеш и Металург од Скопје.

ПретходноТриумфираше на Ролан Гарос па ги искритикува организаторите
СледноПара на пара оди: Еве колку пари заработи Сити за освоената “триплета“, но тоа не е се…