По десет години пауза: Фенербахче по седмипат го освои турскиот куп

388

По седмипат во својата клупска историја, екипата на фенербахче го освои турскиот куп. Во денешното финале во Измир, Фенер со 2:0 славеше над екипата на Истанбул Бахчешехир и успеа да дојде до еден трофеј во тековната сезона, откако ја загуби битката за шампионскиот наслов во првенството.

Стрелец на двата гола за фенербахче вечерва беше белгискиот голгетер Батшуаи. Тој погоди во воведната минута на мечот, а потоа стрелаше за 2:0 во 29. минута. Нашиот репрезентативец Алиоски не беше во составот за овој натпревар.

Фенербахче последен пат го освои турскиот куп во 2013 година. Истанбул Бахчешехир го загубија и третото финале во купот. Тие досега двапати беа финалисти во 2011 и 2017 година и тогаш беа поразени, па и вечерва повторно останаа со празни раце.

ПретходноПокетино со 85 милиони фунти тргнува по мега – ѕвездата на Реал Мадрид!
СледноФерари се врати на „24 часа Ле Ман“ по 50 години пауза и победи!