Тотенхем за 6 милиони евра ќе го откупи договорот на Ленгле од Барса

109

Клемен Ленгле ќе остане во Тотенхем.  Дефанзивецот кој минатата сезона ја мина во лондонскиот клуб како позајмен од Барселона, сега ќе направи целосен трансфер. Според каталонскиот весник „Спорт“, трансферот ќе биде комплетиран следната недела.

Претставниците на клубот ќе се сретнат следната недела за да ја дефинираат сумата на трансакцијата која ќе биде помала од првично бараните 12 милиони евра. Некои информации велат дека Тотенхем на Барса ќе и плати 6 милиони евра за Ленгле.

Трансферот на Ленгле во Тотенхем ќе и овозможи на Барса да заштеди повеќе од 30 милиони евра од неговата плата.

ПретходноМакедонец се најде на сторито на големиот Занети! (ФОТО)
СледноПеп му се закани на Реал Мадрид: Внимавајте, ние доаѓаме…!