Тотенхем со 50 милиони фунти го „лови“ Санчо од Манчестер Ј.

643

Англиските медиуми пишуваат дека Тотенхем планира смел напад со сума од 50 милиони фунти за крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо.

„Дејли Стар“ тврди дека Спарс се заинтересирани да ја доведат англиската ѕвезда во северен Лондон во нивните обиди да се обнови тимот под водство на новиот менаџер Анже Постекоглу.

И Борусија Дортмунд сака да го врати Санчо на „Сигнал Идуна Парк“, но тоа може да си го дозволи само со позајмица, а таквата понуда не му одговара на Јунајтед, кој сака да собере што е можно повеќе готовина пред летната реконструкција на тимот.

ПретходноФерари се врати на „24 часа Ле Ман“ по 50 години пауза и победи!
СледноКаљари се враќа во Серија А, Специја се сели во Серија Б