Триумфираше на Ролан Гарос па ги искритикува организаторите

1035

Искусниот хрватски тенисер Иван Додиг заедно со Остин Крајичек ја освоија титулата во двојки на Ролан Гарос откако во финалето го совладаа белгискиот пар Жиле-Филеген со 2:0 во сетови. Но потоа Додиг ги искритикува организаторите.

Четири пати го освојував Ролан Гарос и имам вкупно седум гренд слем трофеи, меѓутоа денес сум тажен. Се прашувате зошто? Затоа што не го добив третманот кој го заслужувам како секој спортист, а тоа значи дека сите играчи треба да бидеме еднакви кога се натпреваруваме.
Тажен сум што ова ви го зборувам, јас 15 дена на турнирот доаѓав со такси. Седев сред улица во Париз, доцнев на загревање со партнерот затоа што чекав такси 40 минути. Се чувствував како турист во Париз. Но, еве четврти пат го освојувам Ролан Гарос и овој турнир треба да го третира секој играч и секој победник како што доликува. Се надевам дека идната година ќе биде поинаку“, рече Додиг.

Додиг има четири трофеи на Ролан Гарос, два во двојки (2023 и 2015) и два во мешани двојки (2018 и 2019).

ПретходноТом Брејди во ложата на Новак на финалето на “Ролан Гарос“!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Дарко Додев е нов фудбалер на Влазнија