Халанд: Да имав ден, ќе постигнев два гола!

225

Фудбалерите на Манчестер Сити за првпат во историјата станаа европски шампиони откако во финалето на Лигата на шампионите во Истанбул го совладаа Интер со 1:0. Сити ја оправда улогата на фаворит, иако Интер се бореше блескаво, а решавачкиот гол го постигна Родри во 68. минута. Натпреварот го коментираше Ерлинг Халанд.

„Ова не го очекував ниту во моите најлуди соништа. Тоа покажува дека и едно дете од мал град од Норвешка може да успее. Се надевам дека ова им дава надеж на децата кои играат во салите во мојот град. Прекрасно е што тука се и мајка ми и татко ми, пресреќен сум. За неколку дена, кога се ќе се смири, повторно ќе го посакам трофејот во Лигата на шампионите. Се знам себеси, така ќе размислувам“, изјави Халанд и потоа додаде:

„Свесен сум дека можам да се подобрам во однос на бројот на голови. Во финалето бев блиску до постигнување неколку пати, да беше мој ден, ќе постигнев два гола. Не е важно, во финалето единствено важно е да победиме и да го освоиме трофејот како тим“.

ПретходноДен за финале: Калин Ивановски по нов трофеј!
Следно“Ролан Гарос“ – финале: Новак со победа потврдува дека е најголем во историјата!