Интер загуби со 1:0 од Манчестер Сити во тензичен натпревар во финалето на Лигата на шампионите. Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е горд на својот тим кој пружи голем отпор против фаворитот Сити, но сепак не успеа да стигне до крајот.
„Одигравме одличен натпревар и треба да бидеме горди на тоа. Не треба да размислуваме „што би било кога би било“. Го прегрнав секој играч, беа неверојатни, исто како и нашите навивачи. Заслуживме поинаков резултат, но се надевам дека навивачите се среќни од начинот на кој одигра оваа екипа“, рече предводникот на Интер, а потоа продолжи.:
„Ги видовте последните 25 минути, топката како да не сакаше да влезе во голот. Тоа се случува, но за жал нас ни се случи во финалето на Лигата на шампионите. Ја погодивме стативата, една топка беше исфрлена од линијата, имаше и шут кој го погоди соиграчот. Против Манчестер Сити одигравме според нашите сили и го направивме тоа многу, многу добро. Со овој дух, организација и фокус, мислам дека повторно ќе бидеме тука. Заслуживме повеќе, но му симнуваме капа на Сити, знаеме колку работеа за да се дојдат до овој момент“.