Лудница во соблекувалната на Сити: Се пееше Rodri`s on fire! (ВИДЕО)

328

Манчестер Сити синоќа во Истанбул, во големото финале во ЛШ, успеа да го победи Интер со 1:0 и со тоа за првпат во својата историја да стане европски првак. Стрелецот на голот беше Родри, кој сега херој за своите соиграчи и фанови.

Па така, откако завршија сите церемонии, дојде до лудо славење во соблекувалната на Сити, се пееше – Rodri`s on fire!

Песната ја започна Грилиш, за да потоа се приклучија сите играчи, се во чест на стрелецот на голот со кој Сити ја освои Лигата на Шампионите.

ПретходноПеп му се закани на Реал Мадрид: Внимавајте, ние доаѓаме…!
СледноХулијан Алварез: На 23 години може во пензија, нема вреден трофеј што не го освоил!