Повеќе од јасно е дека фудбалот и тоа како е бизнис, се разбира за надвор од Македонија. Кај нас тоа е само фрлање пари.
А еве колку заработи Манчестер Сити за освоена “триплета“, триумф во ЛШ, во ПЛ и во ФА купот.
Сумата е фантастична и таа изнесува нешто повеќе од 330 милиони евра. За триумфот во Лигата на Шампионите клубот заработи 140 милиони евра, за освоеното прво место во Премиерлигата околу 200 милиони евра, додека во ФА купот само 5 милиони.
Но, тоа не е се. Во случај на триумф на Светското клупско првенство, а се разбира дека Сити е најголем фаворит, отаа сума може да се заокружи на 400 милиони евра.
Оваа сума е едногодишен буџет на Јувентус или Атлетико Мадрид.
Па, видете вие сега…