Пребогатите клубови од С. Арабија јасно е дека не се заинтересирани само за врвни играчи за кои нудат милиони, туку тие сакаат и екстра познати имиња за тренери.
Па така како што денеска јавува “Ројтерс“, Ал- Етифак, му понудил баснословна сума на пари на екс стратегот на Глазгов и Астон Вила, секако и играчка икона на Ливерпул, да седне на клупата на тој клуб.
Ако Џерарад ја прифати оваа понуда, тогаш ќе му биде тренер на нашиот Дарко Велковски кој е член на Ал – Етифак.