Осмо финале по ред и осма титула шампион на Србија за Црвена Звезда. По убедливиот триумф на првиот меч против ФМП (94:70), во вториот меч „црвено-белите“ одиграа колку што е потребно за да впишан нов триумф од 82:72 и со тоа се изедначија со Партизан по бројот на титули во Србија (по 8).
Црвена Звезда ја продолжи серијата од 17 едноподруго победи и во одлично расположение ќе го дочека финалето на АБА лигата каде што против Партизан ќе се бори за нова, седма титула во регионалното натпреварување но и трета тројна круна затоа што четата на Душко Ивановиќ оваа сезона го освои и Купот.