Ѓоковиќ по рекордот испрати порака: Деца, верувајте во себе, работете на исполнување на сонот

356

Новак Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос и стигна до 23. Гренд слем трофеј со што го помина рекордот на Рафаел Надал. Со тоа српскиот тенисер стана најдобриот на сите времиња, рекорд за паметење.
Атмосферата беше посебна, а овој момент во кариерата е посебен, еден од најголемите токму поради 23. титула. Можеби е коинциденција што токму во Париз ја освоив оваа 23. титула, овој турнир ми бил најтешкиот и затоа ова ми значи многу и затоа сум емотивен. Ви благодарам на поддршката во финалето и во текот на целиот турнир.

Сакам да им се обратам на сите млади луѓе и на моите деца. Имав само седум години кога сонував да го освојам Вимблдон и погледнете ме сега. Сакам на секој млад човек да му порачам да верува во себе, да работи на исполнување на своите соништа и минатото да го остави зад себе. Така ќе успеете. Деца, верувајте во себе“, изјави Ѓоковиќ кој му се обрати на противникот во финалето Каспер Руд.
Жал ми е поради резултатот, но ти си одличен тенисер. Одигра неколку добри финалиња и тоа е само доказ дека си врвен тенисер. Ти посакувам во иднина да ги победуваш сите во финалињата освен мене“, се пошегува Новак.

Им благодарам на сите ѕвезди кои дојдоа да ме поддржат. Ти благодарам Ибро (Ибрахимовиќ), Жиру, Килијан и Том (Брејди). Се извинувам ако некого заборавив“, додаде Новак.

ПретходноКил стана шампион на Германија, Вецлар на Миркуловски и следната сезона во елитата
СледноНоле им се заблагодари на Ибра, Жиру, Мбапе за поддршката