Кире Маркоски потпишан нов договор со Работнички

252

Повремениот македонски репрезентативец Кире Маркоски и во претстојната сезона ќе го носи дресот на Работнички. Тој потпиша нов договор кој ќе го задржи во тимот на „романтичарите“ до крајот на 2024 година.

„Маркоски имаше одлични настапи минатата сезона и взаемна беше желбата за продолжување на соработката“, велат од Работнички.

Тој на почетокот на 2023 година се врати во Работнички, каде играше и во периодот од 2012 до 2018 година. Во Македонија, Кире Маркоски настапуваше и за Вардар, Шкендија, Шкупи и за Академија Пандев, а градеше и интернационална кариера во АЕЛ Лимасол (Кипар), Спартак Трнава (Словачка).

Кире Маркоски беше дел од „златната генерација“ млади фудбалери која со Македонија учествуваше на Европското првенство за фудбалери до 21 година, а има и пет настапи за сениорскиот национален тим.

ПретходноСлавниот Кержаков ќе биде тренер на Спартак Суботица
СледноПрвиот човек на Серија А за Берлускони: Го однесе италијанскиот фудбал до врвот на Европа