Швајцарски професор ќе го суди мечот Македонија-Украина

244

Македонската фудбалска репрезентација ги отвора квалификациите за ЕП 2024 против Украина во Скопје. Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на тој меч и тие доаѓаат од Швајцарија. Главен судија е Лукас Фандрих од Луцерн кој од 2012 година е во професионалниот фудбал, а од 2020 година е судија со знакот на ФИФА. Инаку по професија е професор во колеџ.

Помошници се Алесандро Дидиќ и Еми Јонас, а четврти судија е Стефан Де Алмеида, сите од Швајцарија.

Фандрих дебитираше на интернационалната сцена во 2021 година на мечот меѓу Албанија и Сан Марино.

ПретходноДино Топмелер е новиот тренер на Ајнтрахт Франкфурт
СледноЧелзи има бисер, а не го користи – тој ги освои и „Златната топка“ и „Златната копачка“ на СП У20