Нашиот репрезентативец Езџјан Алиоски со својот Фенербахче со триумф во Купот на Турција ја заврши сезоната. Иако не беше дел од победничкиот ростер на синоќешното финале против Башакшехир, сепак Алиоски и тоа како беше радосен и се сликаше со големиот пехар, а доби и медал а потоа и беше дел од големото славје во таборот на гигантот од Истанбул.
View this post on Instagram
Фенербахче славеше со 2:0 а стрелец на двата гола беше Батшуаи во 1. и во 29.минута.
Алиоски денеска треба да им се приклучи на своите колеги од репрезентацијата Македонија на подготовките за квалификациските мечеви со Украина (16 јуни) и Англија (19 јуни).